Раст на бројот на граѓани на Листата на должници на УЈП за јуни

На новата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за јуни има 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 190.587.333 денари (повеќе за 1.552.274 од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП за јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести