Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид информираа дека денеска кај „Машка плажа“ во Струга, во водите на Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело.
Доктор од локалната болница констатирал смрт без траги на насилство, а по преземените мерки, било утврдено дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, велат од полицијата.
Фото: Унсплеш












