Денеска во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето за деветте полицајци, обвинети во еден од предметите за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани.
Сите се изјаснија за невини, а се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.
Обвинети се Димче Аврамов, Јане Трајчев, Александар Атанасов, Влатко Илиев, Александар Темелков, Влатко Наумов, Гоце Ристов, Боби Гидиоски и Гоце Иванов.
Според Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поради нивните позитивни мислења, “Пулс“ добил лиценца за 2022 и 2023 година, и покрај тоа што тие не реагирале на поплаки за нарушување на јавниот ред и мир и дале согласност во делот за сообраќајот, иако немало таму доволно паркинг-места.
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова.
Следното рочиште е закажано за 29. јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Условни казни за тројцата полицајци за „Пулс“: Прва пресуда за трагедијата во Кочани
Фото: Игор Бансколиев












