Портали поврзани со Бугарија водат засилена хибридна кампања против Македонија, вели заменик министерот Димитровски

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, предупреди на тоа што веќе извесен период е и тема на Фејсбук, дека портали поврзани со Бугарија, водат хибридна кампања и шират дезинформации на социјалните мрежи со цел да се поткопи довербата во македонските институции, да се поткопе македонскиот идентитет и да се создаваат поделби во македонското општество.

-Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат за цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството”, кажа Димитровски од Луксембург, (Луксембург), во своето обраќајќи на Советот за европска демократија.

Тој меѓу друго посочи дека Македонија останува цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.

Ја потврди и подготвеноста на земјава, активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување на странско мешање и хибридни закани, во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.

Состанокот во Луксембург е посветен на иницијативата „Европски штит за демократија”, а е организиран од Кипарското претседателство со Европската унија (ЕУ) со Советот на ЕУ и Европската комисија.

Фото: Фејсбук/Димитровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести