Во Скопје денеска под мотото „Сите нека знаат„ ќе се одржи Скопје прајд 2026.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) поради одржувањето на Парадата, информираа за посебен сообраќаен режим
Парадата ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус во Градски парк во 18 часот, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Дизајн: Стефан Танков













