Моја Кравица продолжува да исполнува желби – семејството Димитриеви се врати од Дизниленд

Една желба, многу насмевки и патување од соништата. Наградната игра „Исполни си ги желбите со Моја Кравица“ му го овозможи на семејството Димитриеви незаборавното семејно патување во Дизниленд, од кое неодамна се вратија исполнети со впечатоци и спомени што ќе ги паметат засекогаш.

По неколку дена исполнети со забава, авантури и магични моменти, семејството Димитриеви се врати дома со куфери полни спомени и приказни кои долго ќе се раскажуваат. Посетата на Дизниленд за нив беше многу повеќе од награда, тоа беше можност за заеднички доживувања, семејна блискост и моменти што ќе останат дел од нивните најубави сеќавања.

„Ова патување за нас е навистина незаборавно искуство и сме многу благодарни на Бимилк и Моја Кравица што ни овозможија да го посетиме Дизниленд и да ни се исполни желбата што долго ја посакувавме. Сè изгледаше токму како што сме го замислувале, од парковите и атракциите, до атмосферата што ја чувствуваш на секој чекор. На некој начин, ова патување нè врати во детството и нè потсети колку е убаво да се биде дете. Најубаво од сè беше што имавме можност да го доживееме како семејство и заедно да ги создадеме сите овие спомени. Ова искуство за нас ќе остане нешто на кое секогаш ќе се навраќаме со радост“, изјави Магдалена Димитриева.

Наградната игра на Моја Кравица се реализираше во периодот од 15 септември до 26 октомври 2025 година и предизвика голем интерес кај потрошувачите низ целата земја. На 27 октомври се одржа главното извлекување, кога семејството Димитриеви ја освои главната награда, фамилијарно патување во Дизниленд.

Наградната игра „Исполни си ги желбите со Моја Кравица“ беше прва од ваков тип за брендот Моја Кравица во Македонија и имаше за цел да создаде уште посилна поврзаност со потрошувачите преку активности што носат реална вредност и незаборавни доживувања.

„Со оваа наградна игра сакавме да им овозможиме на нашите лојални потрошувачи моменти исполнети со радост, блискост и семејна топлина. Моја Кравица отсекогаш била повеќе од производ. Таа е дел од секојдневието, дел од семејните ритуали што ги зближуваат генерациите, а сега е и дел од спомените кои остануваат за цел живот“, вели Маја Велевска Литовска, бренд менаџер во Бимилк.

Со оваа кампања, Моја Кравица уште еднаш покажа дека зад секојдневните производи можат да стојат и моменти што значат многу повеќе, моменти што остануваат во срцата и се паметат долго.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести