Во Македонија за првпат е регистриран случај на Зика вирусна инфекција, информираа од Иститутот за јавно здравје (ИЈЗ).
Истиот бил регистриран на 17. јуни од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ.
Пациентот бил контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што биле предложени соодветни превентивни мерки.
Според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви.
За време на престојот таму, пациентот дал податок за каснување од комарец. Веднаш по враќањето се јавил на преглед на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), каде било поставено сомневање за денга.
Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото – мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип.
Пациентот бил прегледан во КИБФС, а биле направени и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ.
Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика.
Пациентот не бил хоспитализиран, пратен е на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба.
Ризикот за населението во Македонија во моментов од ИЈЗ се оценува како низок.
Фото: МЗ













