„Кармина бурана“ на германскиот композитот Карл Орф синоќа во Градскиот парк во Скопје ги обедени Македонија, Грција и Бугарија.
Во изведбата на грандиозното дело учествуваа над 200 уметници од трите земји – од Македонската филхармонија, Софиска филхармонија (Бугарија), Државниот симфониски оркестар на Солун, хорот од Националната опера и балет, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште во Солун, Грција.



Како солисти настапија македонската сопранистка Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.
Иницијатор на овој регионален проект, кој претходно беше изведен и во Софија и Солун, е бугарскиот маестро Најден Тодоров, кој беше диригент.
Фото: Кабинет на претседателката













