Кривична за поранешен градоначалник на Дебрца за „несовесно работење во службата“

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднел кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Тој, во својство на градоначалник на Општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на Општината, на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината.

Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на Општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето  на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна  материјална штета на Општина Дебрца, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести