(Видео) Од скопската Зоолшка уште молчат за бегството на волците: Ако вака се чувале во опасност се и граѓаните

Од скопската Зоолошка градина се уште нема никаква реакција за бегството на белите волци од нивното живеалиште пред една недела по што убиле неколку кенгури и ему птици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волци во скопската Зоолошка изеле кенгури и ему птици, откако избегале од нивното живеалиште

Информацијата предизвика бура од негативни реакции во јавноста, а од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побраа затворање на скопската ЗОО, додека не се изврши независен инспекциски надзор на сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи.

Тие меѓу друго бараат и независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат законските и стручните стандарди.

Од таму објавија и видео како се чувале волците. Нема детали кога е снимено истото и дали во меѓувреме импровизираната ограда која се гледа на снимката е заменета.

Очигледно имало сериозен проблем и за посетителите на Зоолошката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убава вест: Принова на белите волци во скопската Зоолошка

Фото: Скопје ЗОО/видео: Анима Мунди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести