Жена на возраст од 48 години била пронајдена почината во близина на скопското село Летевци.
Станува збор за Ж.Г., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, нејзиното тело било во фаза на распаѓање.
Денеска во раните утрински часови е уапсен С.Г. (51) со престојувалиште во скопското село Таор, поради постоење основа на сомнение дека ја убил.
Тој на 26. јуни во полицијата пријавил дека од домот се оддалечила убиената жена, со која живееле во иста куќа.
Дека го пронашол телото на почината пријавил следниот ден.
Со него бил извршен службен разговор и тој бил лишен од слобода.
Во врска со убиството од слобода се лишени и З.М. (62), Г.Б. (64) и М.Д. (69).
Телото на жената било дадено на одукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот сопруг е осомничен за убиството на 48-годишната жена: Детали од Обвинителството
Фото: Унсплеш














