За убиството на 48-годишна жена, – Ж.Г., која живеела во скопското село Таор, Општина Зелениково е осомничен нејзиниот поранешен сопруг, С.Г. (51), со кој живееле во иста куќа.
Нејзиното тело беше пронајдено во фаза на распаѓање во пристапна шумска локација во близина на скопското село Летевци.
Таа претходно во петокот била пријавена за исчезната од страна на осомничениот.
Од Основното јавно обвинителство информираа дека станува збор за насилна смрт, што било констатирано откако нејзиното тело било дадено на обдукција.
Освен осомничениот се уапсени и неговите пријатели З.М. (62), Г.Б. (64) и М.Д. (69).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиена 48-годишна жена, телото и било пронајдено во фаза на распаѓање, уапсени се четири лица














