(Видео) Како изгледа моментално автопатот Прилеп – Битола, кој е во изградба

Забрзува изградбата на автопатот Прилеп – Битола, кој е дел од стратешкиот регионален Коридор 10Д.

Како што информираше на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, се планира во првата половина од следната година да бидат пуштени во функција 10,5 километри од овој автопат, а во текот на истата година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента.

Станува збор за најдолгата поединечна делница што се гради во Македонија и со истата патувањето од Скопје до Атина, Грција, се намалува за 3 до 3,5 часа.

Фото/видео: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести