Високите температури во Македонија кои денеска и деновиве што следат, ќе достигнат и до 39 Степени, остануваат до вторник, кога се очекува промена на времето.
За тогаш од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од попладневните часови, најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен вдолж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 километри на час.
Фото: Унсплеш














