За СДСМ платформата промовирана од нејзини членови е сателит на Мицкоски

Вчера од страна на членови на опозициската СДСМ и активисти беше промовирана платформа „Разговори за иднината во 12:05“, а од таму нагласија дека не станува збор за нова политичка партија.

Од СДСМ пак во реакцијата за истата велат дека таа е „Проект ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски“, односно негов сателит.

Од таму велат дека промовирање на луѓе без јасна структура и порака не е случајност, туку смислено од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тврдат дека тој првично се обидел да ја провлече оваа платформа внатре во самата партија со цел да предизвика внатрешни поделби.

Според партијата откако тој план пропаднал, сега тоа го прави самостојно.

„Ги лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа. Сега се претставуваат како опозиција, а по изборите ќе посакаат да станат дел од ‘тендер коалицијата’. Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити“, велат меѓу друго од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членови на СДСМ и активисти промовираа платформа, велат дека не станува збор за нова партија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести