Филипче ќе го номинира Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека ќе го номинира Горан Герасимовски, градоначалникот на скопската општина Центар, за нов потпретседател на партијата.

„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.

Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ,“ напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Кој дојде на Конгресот на СДСМ

Кои се новите членови на раководството на СДСМ

(Галерија) Кој дојде на 35. роденден на СДСМ

Фото: Филипче/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести