Потребни се средства за операција на Божидар, кој до сега имал 18 тешки интервенции

Божидар досега помина низ 18 тешки интервенции, од кои 8 беа извршени во странство. Неговото детство не е игра и смеа. Тоа е 14-годишна сурова битка за секоја голтка воздух и секој залак храна.

„Потрошивме стотици илјади евра само за да го одржиме во живот. Во Македонија и Турција ни нудат само привремени решенија, мачни дилатации со балон кои траат кратко и не го решаваат коренот на проблемот.

Но, постои надеж. Специјалистите од Америка и Англија потврдуваат дека постои трајно решение преку сложена реконструктивна операција.Во овој момент сме во фаза на одлука помеѓу клиниките во Америка и Англија, водени единствено од тоа каде Божидар би го добил најбрзиот и најбезбедниот третман со оглед на неговата тешка состојба која не дозволува долги патувања.

Божидар по операција во Македонија во моментов има вода во стомакот и дијагноза (Megaesophagus) – неговиот хранопровод е двојно проширен од нормалното и Nissen fundoplication, која довела до тешко стеснување (Esophageal stenosis). Наместо да му помогне, зафатот создаде пречка низ која храната не може да помине,“ се вели во апелот за помош.

Сите што се во можност можат да донираат со повик на телефонските броеви:

143487 на А1

143122 на Т-Мобиле.

Донации може да се извршат и преку платформата на Павел Андреев, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести