По каснување од комарец двајца хоспитализирани пациенти со Западно-нилска треска

Двајца пациенти со Западно-нилска треска се хоспитализирани на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, информираше директорот Фадил Цана.

Откако вирусот бил лабораториски потврден, пациентите се згрижени во болница и се под континуиран медицински надзор, се лекуваат согласно современите медицински препораки.

Западно-нилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да препознаете симптоми на Западно-нилска треска по каснување од комарец

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести