По подолг период акцијата на Комерцијална банка АД Скопје не е најтргуваната на Македонската берза.
Како што покажува билтенот на Македонската берза за јуни, најтргувана за тој период е акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со која е остварен промет од 106,7 милиони денари.
Втора е акцијата на Комерцијална банка со која е остварен промет од 92,1 милиони денари, а трета е акцијата на Алкалоид АД Скопје, со која е остварен промет од 66,9 милиони денари.

Во Топ 5 најтргувани се и акциите на Македонијатурист АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драстичен раст на прометот на Македонската берза во јуни од 395%














