Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 217.977.7 милиони денари и бележи пораст од 5.70% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2026 година, изнесува 306.513.7 милиони денари, што е за 5.91% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – мај 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската унија учествуваат со 58.2 % во вкупната размена.
Фото: еМагазин














