Продолжува растот на цените на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6%.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8%. 

Цените во угостителството во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година се зголемени за 0.2% кај Храна, 0.3% кај Алколхолни пијалаци, 0.1% кај Безалкохолни пијалаци и 0.2% кај Ноќевања.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести