Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.6%.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8%.
Цените во угостителството во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година се зголемени за 0.2% кај Храна, 0.3% кај Алколхолни пијалаци, 0.1% кај Безалкохолни пијалаци и 0.2% кај Ноќевања.
Фото: Унсплеш














