Ротари клуб Скопје Вест продолжува со кампањата „Една искра, цела шума! Не пали, чувај!“, за превенција од шумски пожари

По успешната реализација на кампањата во ротаријанската 2025/2026 година, Ротари клуб Скопје Вест и ова лето ја продолжува иницијативата „Една искра, цела шума! Не пали, чувај!“, со цел да ја поттикне јавната свест за причините, последиците и превенцијата од шумските пожари.

Минатата ротаријанска година кампањата беше реализирана со поддршка на Сојузот на Ротари клубови на Македонија и Ротари Дистрикт 1912, насочена кон поттикнување на одговорно однесување и превентивно дејствување во периодите на зголемен ризик од пожари.

Покрај едукативната и превентивната компонента, кампањата беше надградена и со конкретна поддршка за противпожарните служби. Во рамките на иницијативата беше донирана современа противпожарна опрема на Територијалната противпожарна единица во Берово, како поддршка за пожарникарите кои секојдневно ги штитат граѓаните и природните богатства.

Како дел од оваа поширока иницијатива, а во духот на ротаријанската солидарност, беше обезбедено и специјализирано теренско противпожарно возило за Доброволното противпожарно друштво во Пехчево. Проектот го реализираше Ротари клуб Скопје Вест со донација и поддршка од словенечките Ротари клубови. Возилото, вредно околу 18.000 евра, е целосно приспособено за интервенции на тешко пристапни ридско-планински терени и претставува значајно зајакнување на локалните капацитети за справување со шумските пожари.

Овие активности потврдуваат дека успешната превенција не се темели само на подигнување на јавната свест, туку и на конкретна поддршка на оние кои секојдневно се на првата линија во заштитата на луѓето, шумите и животната средина.

Во текот на летниот период, Ротари клуб Скопје Вест повторно ќе ги објавува едукативните материјали од кампањата на своите социјални мрежи и ги повикува медиумите, институциите, организациите и граѓаните да се приклучат преку нивно споделување. Само со заедничко информирање, одговорно однесување и навремена превенција можеме да придонесеме за намалување на ризикот од шумски пожари и за зачувување на нашите природни богатства.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести