Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 07.07.2026 година во 22:10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишиле од слобода М.Н. (59) со престојувалиште во Скопје, по претходна пријава дека во продажен објект допирал по телото 31-годишна жена.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од таму.
Фото: Унсплеш














