Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека на 09.07.2026 година во 12:50 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на Граничниот премин Блаце, при излез од државата, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.А. (32) и М.А. (21) од една страна и Х.Р. (50) од друга страна, сите од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.














