Планинска спасителна служба ќе дежура на Водно и на Кањон Матка, еве на кој број да се јавите ако сте во неволја

Денес, на Водно, заедно со Црвениот крст на Град Скопје, го презентиравме тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка кој го реализираме заедно со Црвениот Крст, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа својата подготвеност за брза, координирана и професионална реакција. Кога е загрозен човечки живот, секоја секунда е драгоцена!

Токму затоа, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица.

Истовремено, ќе се спроведуваат континуирани обуки, тренинзи и симулациски вежби, со кои спасителите ќе ги унапредуваат своите знаења, вештини и оперативна подготвеност за дејствување во различни кризни ситуации.

Дополнително, посетителите ќе можат да го измерат крвниот притисок на штандовите кои се наоѓаат на овие места,“ напиша Ѓеорѓиевски на Фејсбук.

Граѓаните кои ќе се најдат во неволја можат да побараат помош на дежурниот телефон: 072/269-876

Фото/Фејсбук-профил Орце Ѓорѓиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести