Во мај, 131.723 туристи оствариле 236.727 ноќевања во Македонија, а од вкупниот број туристи, 19% се домашни, а 81% се странски туристи, објави Државен завод за статистика.
Бројот на ноќевањата изнесува 236.727, од кои 24.2% се од домашните туристи, а 75.8% од странските туристи.
Во периодот јануари – мај, во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6%, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4%, а кај странските има зголемување за 4.9%.
Во периодот јануари – мај, во однос на истиот период лани, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1%, така што кај домашните туристи има намалување за 4.1%, а кај странските има зголемување за 3.3%.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (34.681), од Германија (9.578), од Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).














