На Клиника починал 56-годишен маж, кој пред неколку дена бил донесен по пад од тераса

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 12.07.2026 година околу 06:45 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека починал М.А. (56) од селото Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 година бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа.

По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести