Во мај, 131.723 туристи оствариле 236. 727 ноќевања, а од вкупниот број туристи, 19% се домашни, а 81% се странски туристи, објави Државен завод за статистика.
Бројот на ноќевањата изнесува 236.727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – мај, во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.
Во периодот јануари – мај, во однос на истиот период лани, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (34 681), од Германија (9 578), од Србија (7 605) и од Бугарија (4 858).














