Продажбата на култниот скопски хотел “Бристол“ е во фокусот на јавноста откако истиот доби нов сопственик – ГМ Проперти ДОО Скопје .
Продаден хотелот „Бристол“, го купи “ГМ Проперти“
Истиот го продаде Македонијатурист АД Скопје, а засега не е познато по која цена.
Македонијатурист периодов го продава и хотелот „Јадран“ и друг недвижен имот во Скопје, а почна да го работи хотелот „Русија“.
Каков капацитет има хотелот Русија, со кој ќе стопанисува Македонијатурист
Која е ГМ Проперти
ГМ Проперти како што пренесува Пари, повикувајќи се на податоци на Бизнис Мрежа, почнала со работа во октомври пред две години.
Фирмата е регистрирана за „останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место“.
Сопственик е Емил Кратовалиев, а управител Костадин Саздовски.
Како што пишува Пари во текот на 2024 и 2025 година фирмата немала приходи, туку само расходи, а финансиските извештаи покажуваат и обврски од пет милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“
Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба
Фото: Игор Бансколиев














