Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка, а оставката ја доставил до Собранието, но без да го извести и Уставниот суд.
„До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието Африм Гаши“, соопшти Уставниот суд.
Оставката е неотповиклива, а неофицијално ја поднел поради професионални и лични причини.
Наумовски за уставен судија беше избран на 18 февруари годинава, откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември лани си поднесе оставка поради здравствени и лични причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Професорот Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
Кој е Гоце Наумовски, кој е избран за уставен судија
Професорот на Правниот факултет, Гоце Наумовски, предложен за нов уставен судија














