Владата ја продолжи кризната состојба до 20. октомври, поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати

Владата донесе одлука за продолжување на рокот на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Како што информираат од владината прес-служба, кризата ќе продолжи да важи од 21 јули до 20. октомври, со цел да се обезбеди навремено реагирање доколку има проблеми со снабдувањето или значителни промени на цените на меѓународните пазари.

Од Владата велат дека одлуката обезбедува правен механизам за преземање брзи мерки со кои би се зачувала стабилноста на снабдувањето и би се ублажиле можните последици за граѓаните и стопанството.

По завршување на процедурите, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести