Горан Ефтимоски се бори со рак, има метастази на белите дробови и на лимфните јазли на вратот, а состојбата му е критична и алармантна.
„Секоја минута во оваа болничка соба е агонија. Горан се бори со сите сили во оваа најстрашна фаза од болеста, но престојот во болницата, итните испитувања и терапиите чинат средства што ние ги немаме!
Тој мора итно да остане хоспитализиран за веднаш да започне со хемотерапија. Во овој миг, со трепет и страв ги чекаме резултатите од дополнителните итни испитувања кои мора да излезат во најскоро време…
Ве молам од дното на душата. Немаме ниту еден ден за чекање. Не дозволувајте да го изгубам мојот брат!
Помогнете ни веднаш! Донирајте и споделете уште оваа секунда,“ се вели во апелот за помош.
За донации ОВДЕ.














