Претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Зулфикар Зејнула, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер без ресор.
За него гласаа 67 пратеници, а 13 беа „против„. Немаше „воздржани„.
Оваа следи откако неговата партија неодамна стана дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Зејнула














