Денеска во македонското Собрание претседателката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, беше избрана за нов уставен судија.
За нејзиниот избор гласаа 64 пратеници, а немаше “против“ и “воздржани“.
По изборот таа даде и свечена заклетва.
Таа е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Освен во Апелација работела и како адвокат, а била и судија во Основниот суд Скопје II.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Мери Дика Георгиевска, која е продложена за нов уставен судија
Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која е предложена за нов уставен судија
Фото: Апелација














