По бурата од негативни реакции во јавноста Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот, истиот е симнат од дневен ред и тој ќе се најде на седница во Собранието по одморите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова е епилогот од состанокот на координаторите на пратеничките групи со претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
За истиот реагираа опозициските партии и Државната комисија за спречување на корупција и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
Предлог-законот го предложи група пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои предложија да се донесе по скратена постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














