Да троши пари без тендери Фондацијата која ќе го спроведува проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, предлагаат пратеници

Група пратеници во македонското Собрание поднеле Предлог-закон за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, со кој меѓу друго се предвидува Законот за јавни набавки да не се применува за Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, формирана од Град Скопје, за да го спроведе проектот.

Во предлогот меѓу друго стои дека “за набавките на стоки, услуги и работи што ги врши Фондацијата не се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки. Набавките од ставот (1) на овој член се спроведуваат согласно со начелата на транспарентност, економичност, ефикасност, еднаков третман и недискриминација, како и согласно со интерни упатства донесени од Одборот на Фондацијата“.

За овој проект се предвидени 21 милион евра, обезбедени од буџетот на државата и буџетот на Град Скопје, додека пак 500.000 евра се од европските фондови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на МРТ, Цветковски избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“

Како што е веќе познато поранешниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ), Марјан Цветковски е избран за директор на Фондацијата.

Истата Град Скопје ја формираше на 28. јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не смее да се заобиколува Законот за јавните набавки, велат од Антикорупциска за предлогот пари да да се трошат без тендери за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

Предлогот предизвика бура од реакции, а за истиот реагираа и од Државната комисија за спречување на корупцијата и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итно стопирање на донесувањето на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата

Каков имот пријавил Марјан Цветковски, кој е избран за директор на Фондацијата „Скопје европска престолнина на културата 2028“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести