Поранешниот вицепремиер Фетаи кој два месеци не одеше на работа стана специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Арбен Фетаи, поранешниот вицепремиер за добро владеење кој беше во фокусот на јавноста бидејќи два месеци не одеше на работа, по што поднесе оставка, стана специјален пратеник на Македонија за Европската унија (ЕУ) во Брисел, Белгија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој си поднесе оставка

Тој е именуван од страна на Владата за специјален претставник на Владата во Постојаната мисија на земјава при ЕУ во Брисел.

За новата функција Фетаи се пофали и на социјалните мрежи и меѓу друго напиша дека истата за него преставувала голема чест и голема одговорност.

-Задачата што ми е доверена е да се ангажирам за унапредување на процесот на европската интеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на ЕУ и кај земјите-членки, придонесување кон надминување на политичките и дипломатските предизвици, како и за тоа гласот на Северна Македонија да биде посилен и поприсутен во Брисел и во европските метрополи, напиша тој меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка

Колкава плата земаше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка

(Фото) Вицепремиерот Фетаи се шета по светот, остана мистерија дали се уште зема плата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести