Како работат фирмите на Борче Марковски во Србија и Македонија

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, за кого во тек е судски процес за набавки во РЕК Битола е во фокусот на јавноста откако му беше вратен пасошот по што замина за Србија каде има фирми и имот.

Од таму како што изјави неговиот адвокат треба да се врати денеска, а заминал за Србија поради работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Борче Марковски не избегал од Македонија, отишол по работа во Србија

Како што е познато таму има две фирми – Хаза изградба и РСЈ-М изградба.

Како што пишува Фокус Хаза изградба ја поседува Марковски компани во Битола.

Истата е основана во 2009 година со основна дејност – изградба на станбени и нестанбени згради, а како единствен сопственик на компанијата е Марковски.

Во 2023 година како што објави Фокус таа остварила приходи од над 434 милиони српски динари, има расходи од над 318 милиони динари и добивка од 98 милиони динари.

Во 2024 година имала приходи од 235,5 милиони динари, расходи од 188 милиони динари и добивка од 40 милиони динари.

Лани имала приходи од 180 милиони динари, расходи од 167 милиони динари, и добивка од 11,3 милиони динари.

РСЈ-М изградба е основана на крајот на 2024 година од страна на Марковски компани.

Лани таа имала приходи од 8,7 милиони динари, расходи од 785 илјади динари, и нето-добивка од 6,7 милиони динари.

Марковски компани пак во 2023 и 2024 година остварила приходи од по над 2 и пол милијарди денари и добивки од по 700-800 милиони денари, а лани имала приходи од 254 милиони денари и загуба од 146 милиони денари, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Борче Марковски, сопственикот на Марковски компани, за кого е поднесено обвинение за злоупотреби со набавки во РЕК Битола

Дал гаранција од над 5 милиони евра: Вратен пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски

Борче Марковски остана без станови во Скопје, пари, возила, земјиште во Македонија и Србија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести