Како работел Гранит во првото полугодие

Гранит АД Скопје во првите шест месеци остварил добивка од 319.567 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 137.533 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2026 година, информираат од таму преку Македонската берза.

Остварените единечни вкупни приходи изнесуваат 2.411.607 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголемување за 70%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит ќе добие уште 80 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

-Приходите од продажба изнесуваат 2.138.222 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголемување за 83% пред се како резултат на фактот дека Друштвото има зголемен обем на работа на проектот автопат Кичево-Охрид и неколку други проекти, велат од таму.

Финансиските приходи изнесуваат 156.857 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2025 година бележат зголемување пред се како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка АД Скопје, посочуваат од таму.

Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 2.092.040 илјади денари, а споредено со истиот период 2025 година бележат зголемување за 67%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот

Конзорциум предводен од “Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје-Блаце

Која е компанијата “Гранит“, која ќе го гради автопатот Скопје-Блаце

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести