Индустриското производство во јуни на годишно ниво зголемено за 6.5%

Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6.5% во однос на јуни 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 3.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.2%. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел. 

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.7%, Капитални производи за 8.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11.1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 100.9.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести