Судијата од Апелациониот суд Скопје, Зоран Герасимовски, од страна Судскиот совет е избран за вршител на должност (в.д.) претседател на Судот.
Тој доаѓа на местото на судијката Мери Дика Георгиевска, која стана уставен судија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоран Герасимовски назначен за в.д. претседател на скопска Апелација
Герасимовски работи во Апелација од 2017 година.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал судија во Апелација.
Каков имот пријавил
На свое име пријавил дел од куќа во Тетово, од наследство.
Како заеднички имот пријавил куќа и земјиште во селото Бардовци и стан во Скопје.
Вози Мерцедес, а на име на децата пријавил возило Ланд ровер.
На свое име пријавил и два кредити, едниот според податоците доставени до Антикорупциска, требало да го исплати досега, а другот од 891,7 илјади денари треба да го исплати годинава.
Кредит пријавил и на име на сопругата, а како заеднички пријавил уште еден од 4,9 млиони денари, кој треба да се врати во 2035 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Мери Дика Георгиевска, која е избрана за уставен судија
Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која е избрана за уставен судија
Фото: Унсплеш














