Состојбата во Гостивар останува стабилна

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

„Во текот на 2. август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи.

И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18. јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.

Во однос на западно-нилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи.

Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести