Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до четврток, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C.
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Фото/Unsplash














