Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.
„Во текот на 2. август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи.
И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18. јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи.
Во однос на западно-нилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи.
Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ













