Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3% во јуни 2026 во однос на јуни 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.1%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4%, Капитални производи за 1.8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7%.
Бројот на работниците во периодот јануари – јуни 2026 во однос на периодот јануари – јуни 2025 година се намалил за 2.9%.














