Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржат на 18 октомври

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја потпишал одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

„Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите.

Ги повикувам сите кандидати и политички субјекти изборната кампања да ја водат достоинствено, натпреварувајќи се со програми, идеи и визија за развојот на општината, а не говор што поттикнува поделби или постапки што ја нарушуваат довербата на граѓаните во демократскиот процес.

Ги повикувам граѓаните на Брвеница да учествуваат на изборите и одговорно да го остварат своето демократско право, придонесувајќи кон мирен, уреден и кредибилен изборен процес што ќе го одреди идниот правец на развој на нивната општина,“ изјави Гаши.

Изборот за градоначалник е поради ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски. Советот на Општината на седница, за в.д градоначалник го избра Роберт Милошески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роберт Милошески е именуван за в.д. градоначалник на Општина Брвеница

Фото/Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести