MINYАFilm i Animacija е независна хрватска продукциска куќа специјализирана за производство на висококвалитетна анимирана содржина, филмови и телевизиска програма. Основана од страна на креативната продуцентка Миљана Драгичевиќ, која има долгогодишно искуство во областа на анимацијата и меѓународните копродукции.
Таа се јавува како копродуцент на македонскиот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“:
„Со Македонија досега сум работела на повеќе проекти и секогаш од тие соработки произлегувале добри филмови и прекрасни пријателства. Драго ми е што сум дел од проектот „Лефти и Рајти“, кој, иако е дебитантски филм, има приказна што ветува, која веднаш ја препознавме,“ вели Драгичевиќ дополнувајќи дека соработката со македонски автори и продуценти за неа не е новост.
„Хрватска има многу добро развиена сцена за анимиран филм. ХАВЦ редовно издвојува посебен буџет за овие филмови, а во Загреб се одржува и Анимафест, еден од најзначајните и најреномираните фестивали на анимиран филм во светот, со долгогодишна традиција и силна меѓународна програма,“ додава таа.
Според неа, Македонија има простор за значително поголем развој на анимираниот филм, а токму меѓународните соработки можат да бидат еден од клучните начини за негово унапредување.
„За да се развие овој жанр уште повеќе, категоријата анимиран филм треба да биде застапена во сите релевантни конкурси како редовна категорија, но потребна е и поголема разновидност во однос на возрасните групи и поджанровите,“вели Драгичевиќ.
Нејзиното учество на фестивалот, но и вклучувањето на MINYA Film i Animacija
„Лефти и Рајти си најдоа дом” е македонски анимиран филм во фаза на продукција, кој покрај поддршката од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Хрватскиот аудиовизуелен центар (ХАВЦ). Филмот се очекува да ја има својата премиера во Скопје кон крајот на ноември.
Таа деновиве е гостинка на Флипбук филм фестивал, каде го гостува со анимираниот филм „Во трњето нема ѕвезди“ („Sky of Thorns“), на авторките Антонија Клариќ и Луна Стрмотиќ, во продукција на MINYA Film i Animacija.














