Исчезна рибар во Преспанско Езеро, скокнал по веслата и не излегол од вода

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 08.08.2026 година во 12:33 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола било пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во ресенското село Сливница, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.

Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1.000 метри од брегот.

-Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј. (71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М. (71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.

Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од таму. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести