Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на ‘рбетниот мозок е во добра состојба, виталните параметри се стабилни и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски.
„Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови се негативни на инфекција и најверојатно станува збор за реакција на транспортот и претходната операција. Од денес тој почна да се храни на уста и имаме подобрување на општата состојба,“ рече Мерџановски.
Следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија, каде ќе продолжи интензивната рехабилитација, а потоа и во специјализиран центар за понатамошно закрепнување.
Мерџановски апелираше да не се скока во базени и во непроверени води, укажувајќи дека повредите може да остават траен инвалидитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














